Хроника 25. октомври 2020. / 13:15

Почина велешанец од Ковид-19 по шест часа од приемот во болница

Почина велешанец од Ковид-19 по шест часа од приемот во болница

На инфективното одделение во велешката болница ноќва повторно смртен случај. 63 годишен велешанец починал околу полноќ, објави Велес365.

Тој добил резултат позитувен на Ковид-19 уште во средата, но на болничко лекување се јавил дури вчера и по неполни 6 часа починал. Тој бил донесен во тешка здравствена состојба со ниско ниво на кислород, а покрај тоа имал и останати болести.

Ова е 23 смртен случај како последица на зараза со коронавирусот во Велес.

Последниве десетина дена животот го загубија деветмина велешани кои беа хоспитализирани во велешката болница.