Хроника 05. март 2020. / 09:51

Почина уште едно од повредените лица во експлозијата во Романовце

Почина уште едно од повредените лица во експлозијата во Романовце

Утринава почина уште еден од повредените во трагедијата со плинската боца што пред две недели се случи во кумановското село Романовце.

Со тоа вкупниот број на загинати достигна седум лица. Станува збор за аџи Елјаса Алими, член на семејството каде што се случи експлозијата.

Несреќата се случи во 10 часот утрото на 23. февруари кога експлодираше плинска боца во семејната куќа на Ш.А во село Романовце.