Македонскиот тетарски режисер Златко Славенски (53) денеска ненадејно почина во Скопје.
Неофицијално, му се слошило на час, додека предавал на студентите на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што беше вработен како вонреден професор и шеф на катедрата по театарска режија.
Славенски беше режисер на претставите „Соларис“, „Супернова“, „Папокот на светот“, „Бесови“, „Кавкаски круг со креда“, „Сината птица“.
Беше во брак со актерката Искра Ветерова со која имаа две деца.