Лицето кое не успеа да скокне од трактор при несреќата на 06.50 на местото викано „Штолна“ кој од Клиничкиот центар во Штип беше префрлен во клиничкиот центар во Скопје, вчера подлегна на повредите во болница.
Имено лицето С.Д не успеал во тоа бидејќи му се заглавила ногата, и се здобил со повреди и бил примен во Комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.