Погорелов пристигна во Металург во 2008 година, како едно од најзвучните имиња во македонскиот ракомет, но тој разочара со неговите настапи, па по краток период го напушти клубот од Авткоманда.
Кариерата почна да ја гради во Волгоград, а потоа заигра во Германија, Шпанија и Франција, а со руската репрезентација го освои Европското првенство во 1996, Светското во 1997 и Олимписко злато во 2000 година.