Почина мотоциклистот кој во петокот беше тешко повреден во сообраќајна несреќа во Кичево. Станува збор за В.М.(26) од Кичево.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во петокот во 2.10 часот, на улицата Маршал Тито во Кичево, кога В.М. возејќи мотоцикл излетал од патот и паднал. По сообраќајката, В.М. бил однесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје каде што починал.