Евангелската Црква информира дека почина пасторот и претседател Мирче Андреев.
„Со тешко срце ве известуваме дека нашиот драг пастор Мирче Андреев замина кај Господ.
Семејството не замоли да ве известиме дека на погребот само тие ќе бидат присутни, имајќи ја предвид целата епидемиолошка ситуација.
Имајте го семејството во вашите молитви и не им се јавувајте по телефон, туку испраќајте порака за утеха.
Сите сме свесни дека замина не само член на едно семејство, туку нашиот брат, пастор и претседател на Евангелска Црква во РМ“, се наведува во објавата на „Фејсбук“.
Почитувани браќа и сестри,
Со тешко срце ве известуваме дека нашиот драг пастор Мирче Андреев замина кај Господ….Posted by Евангелска Црква on Saturday, December 26, 2020