Хроника 23. јануари 2021. / 14:31

Почина легендарниот ТВ водител Лери Кинг

Почина легендарниот ТВ водител Лери Кинг

Денеска почина легендарниот американски телевизиски водител, Лери Кинг, на 87-годишна возраст.

На почетокот на јануари, Лери Кинг беше хоспитализиран поради коронавирус, а веста за смртта ја објави неговото продукциско студио „Ора ТВ“.

Кинг беше ветеран на американската телевизија и радио, најпознат по интервјуата со познати личности од сите сфери на животот. Во текот на својата кариера, тој објави неверојатни 60.000 интервјуа.