Нешто по полноќ на граничниот премин „Меѓународен aеродром-Скопје” пристигнал воздухоплов што сообраќал на релација Базел-Скопје и било пријавено дека во него имало лице кое не дава знаци на живот.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство кај К.К. (74) од Гостивар.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.