Хроника 17. јули 2019. / 18:24

Почина Драги Арсов, првиот потпретседател на Собранието

Почина Драги Арсов, првиот потпретседател на Собранието

По кратко боледување денеска на 82-годишна возраст почина Драги Арсов, поранешен пратеник и прв потпретседател на Собранието.

Тој е роден е во 1937 година во Кочани. Завршил Факултет за политички науки.

Драги Арсов е и еден од основачите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и потписник на Декларацијата за независност.

Арсов од 1998 до 2002 ја извршувал функцијата заменик-министер за информации.