Хроника 30. мај 2019. / 12:03

Почина детето кое со изгореници беше пратено во болница во Софија

Почина детето кое со изгореници беше пратено во болница во Софија

Детето кое доби изгореници од струен удар, за жал, почина, дознава Курир.

Несреќата се случи на 24-ти овој месец, по која детето имаше сериозни повреди.

Момчето беше сместено во болницата Пирогов, во Софија, Република Бугарија. Беше под контрола на специјалист за детски изгореници, но за жал не успеаја да му го спасат животот.

– Момчето кое пред неколку денови настрада од струен удар и се здоби со изгореници им подлегна на повредите. Направивме сѐ за да му помогнеме и да го спасиме неговиот живот. Родителите на момчето не сакаат да се користи овој случај во јавност и ја почитуваме нивната одлука. – одговорија од министерството за здравство на прашање на Курир.