Хроника 12. март 2021. / 09:09

Почина Даринка Чалениќ, легендарната Дара од „Жикина династија“

Почина Даринка Чалениќ, легендарната Дара од „Жикина династија“

Српската актерка Даринка Дара Чалениќ почина на 87-годишна возраст, по долго и тешко боледување, објавија српските медиуми.

Дара Чалениќ е родена на 18 јули 1934 година во Нови Сад, каде што завршила основно училиште, средно училиште и Средно актерско училиште при Српскиот народен театар. Првиот ангажман го добила во 1949 година во Националниот театар во Краљево, потоа се преминала во театрите во Ужице и Сомбор, а во 1954 година станала член на Српскиот народен театар во Нови Сад.

Дара се префрлила во Современиот театар во Белград во 1960 година, а во 1964 година во Југословенскиот драмски театар. Во 1974 година, станала слободен уметник. Во 1988 година, таа се пензионирала.

Дара остварила повеќе од 40 главни улоги на сцената, и глумела во многу драмски претстави, разни серии, забавни и детски програми на телевизија. Остварила голем број улоги во филм, меѓу кои и во „Госпоѓа министерка“, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по улогата на Дара во „Жикина династија“.