Хроника 31. јануари 2019. / 15:30

Почина брачен пар од Скопје од струен удар во када

Почина брачен пар од Скопје од струен удар во када

На 30.01.2019 година во 13.40 часот во СВР Скопје, Б.Б. пријавил дека во када во куќата на улица Раде Јовчевски Корчагин, ги пронашол починати неговите баба и дедо Ј.В.(74) и Г.В.(76). Според пријавителот, тие најверојатно починале од струен удар.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.