Хроника 15. мај 2020. / 12:23

Побарани парични казни од по 2.000 евра за 53 лица во Скопје коишто не го почитувале полицискиот час

Побарани парични казни од по 2.000 евра за 53 лица во Скопје коишто не го почитувале полицискиот час

Вкупно 53 лица се опфатени со предлозите за издавање казнени налози што Основното јавно обвинителство Скопје ги поднесе денеска пред Основниот кривичен суд Скопје за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети, како што соопшти Јавното обвинителство, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република С. Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители за секого од обвинетите предложија парична казна од по 2.000 евра во денарска противвредност, односно 100 дневни глоби од по 20 евра, стои во соопштението.