Хроника 13. декември 2018. / 19:20

По шест месеци телата на мигрантите ќе бидат закопани во Бутел

По шест месеци телата на мигрантите ќе бидат закопани во Бутел

Телата на двајцата мигранти кои шест месеци стојат во капелата во Бутел, ќе бидат погребани утре во 14 часот. Погребот го организира и сите трошоци ќе ги покрие Центарот за социјална работа на Скопје.

– Дописот од ОЈО стигна пред два дена и ние веднаш го организиравме погребот. Телата ќе бидат погребани утре(петок) во 14 часот на гробиштата во Бутел, согласно со законските процедури и верските обичаи. Сите трошоци ќе ги покрие Центарот за социјална работа, изјави за НОВА, Наташа Стојановска директорка на Центарот за социјална работа.

Како што објави НОВА, во септември повеќе од два месеца никој не знаеше каде се телата на загинатите момчиња кои го изгубија животот на 25 јуни кога товарно возило марка „ивеко“ во кое се превезувале мигрантите  удрило во ограда од мост при што уште 17 мигранти беа повредени, а возачот избега од местото на несреќата.