Хроника 17. мај 2018. / 18:07

По претрес на стан уапсени две лица

По претрес на стан уапсени две лица

Вчера, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар извршиле претрес во стан на ул. „Беличица“, сопственост на 57-годшниот С.С. од село Чегране, гостиварско, кој под наем го користи 34-годишниот И.А. од Скопје заедно со 34-годишниот З.Р. од Ростуше.

При претресот биле пронајдени и со потврда биле одземени две најлонски кесички со кокаин, една најлонска кесичка со марихуана, алуминиумска фолија со кокаин, кокаин истурен на маса, една тетратка со напишани иницијали и суми на пари. А.И. и З.Р. се приведени и задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.