По две години заврши потрагата по 35-годишниот скопјанец Арбен Аслани.
Локален жител го пронашол неговото тело во реката Лепенец во населбата Бардовци.
Случајот со младиот Аслани е малку подзаборавен во јавноста. Две години неговиот татко Бекир бараше помош од институциите да откријат што се случило со неговиот син на 23 јануари 2019 година, кога последен пат бил регистриран од безбедносни камери на раскрсница како влегува во автомобил и оттогаш му се губи трагата.
Тој во овие две години имаше средби со Оливер Спасовски, Агим Нухиу и Зоран Заев, кои ветиле дека ќе се заложат за расветлување на случајот, но без резултати, па дури и најавуваше протести пред Собранието секој 23-ти во месецот.
Од Основното јавно обвинителство велат дека ќе го чекаат извештајот од обдукцијата со причините за смртта.