Хроника 28. јануари 2021. / 14:30

По денешните апсења, администраторите на „Јавна соба“ отворија нова група

По денешните апсења, администраторите на „Јавна соба“ отворија нова група

Администраторите на „Јавна соба“ отворија нова група по денешните апсења на едно лице во Битола и едно лице во Велес поради овој случај.

Кусо време откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски јави за апсењата, групата почна да се полни со една иста порака во која стои известување дека е направена нова група, а администраторот повикува да му пишуваат во приватна порака за да им ја испрати.

Министерот Спасовски пред еден час извести дека се уапсени две лица за случајот „Јавна соба“, а по него премиерот Зоран Заев, исто така преку социјалните мрежи, извести дека испратиле категорични барања до социјалната мрежа Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“ и дека ќе инсистираат на тоа барање сѐ до негово конечно исполнување.