Хроника 08. јуни 2018. / 15:35

Плоча паднала врз 64 годишен маж додека работел во домот, потоа била констатирана смрт

Плоча паднала врз 64 годишен маж додека работел во домот, потоа била констатирана смрт

Утринава во 09:00 часот во Куманово, додека работел на приватна куќа на улицата „Никола Спасиќ“, врз 64-годишниот С.Д. од село Тромеѓа, кумановско, паднала плоча.

Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Куманово, а од таму во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт.

Увид извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.