Хроника 19. април 2018. / 15:06

Пит Бул искасал малолетничка и го убил кучето што го шетала

Пит Бул искасал малолетничка и го убил кучето што го шетала

Вистински хорор се случил во во Карпош, кога во Полициската станица 52-годишниот Д.Т. пријавил дека истиот ден околу 16,30 часот, додека неговата малолетна ќерка го шетала нивното куче тоа било нападнато од поголемо куче, најверојатно од расата пит бул, и истото од повредите умрело.

При обидот да го спаси и отргне, девојчето се здобило со рани од каснување на двете раце.