Еден пиштол е пронајден во автомобил паркиран на паркингот во трговски центар во Карпош. Во врска со случајот приведени се пет лица.
Според информациите на МВР, вчера околу 16 часот полицијата спровела акција на паркинг-простор во трговски центар во Скопје. Извршен бил преглед на три автомобили „марцедес“, „ланчиа делта“ и „голф“, во кои биле затекнати пет лица, и тоа О.Б. (34), Ш.А. (36.), Ф.Л.(26.) Е.И. (24) и Н.И. (22).
Во еден од автомобилите е пронајден пиштол марка ТТ калибар 7,62 милиметри. Лицата се приведени во полициската станица во Карпош. Од МВР велат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.