Хроника 10. ноември 2018. / 12:30

Пијано момче се заканувало со нож во ноќен клуб во Охрид

Пијано момче се заканувало со нож во ноќен клуб во Охрид

Синоќа по полноќ во ноќен клуб на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, влегол 25-годишен маж кој извадил нож, по што почнал да вика, соопшти полицијата.

Одговорниот во клубот го тргнал мажот пред објектот и се обидел да му го одземе ножот, при што бил повреден на вториот прст од левата рака.

МВР укажа дека дваесет и петгодишникот бил приведен во полициска станица и при алкотестирање, кај него била констатирана голема количина на алкохол во крвта.