Хроника 29. септември 2019. / 18:42

Пијани скопјани се степаа пред ресторан во Аеродром

Пијани скопјани се степаа пред ресторан во Аеродром

Вчера во Аеродром, пред ресторан се степаа неколку лица, кои биле под дејство на алкохол.

На 29.09.2019 околу 03,50 часот во Полициска станица Аеродром било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул.Анастас Митрев, дошло до физичка пресметка помеѓу К.Д.(28), Ф.С(32) и М.З.(34) од една страна и К.А.(30), Н.А(24), А.Д.(38), С.Т.(23) и Н.Ф.(27) од друга страна, сите од Скопје, кои биле под дејство на алкохол.

Причина за физичката пресметка била претходна расправија. Ф.С. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.