Двајца старци на возраст од 73 и 76 години се соочуваат со условни затворски казни затоа што пијани се движеле за време на полициски час.
За двајцата обвинети, кои биле затекнати во алкохолизирана состојба како се движат за време на полицискиот час, едниот со мопед, а другиот со автомобил, обвинителството му предложи на судот да им изрече алтернативна мерка – условна осуда со утврдена казна затвор во траење од три месеци која нема да се изврши доколку лицата не сторат друго кривично дело во рок од една година по правосилноста на пресудата.
Основното јавно обвинителство-Гевгелија до Судот достави предлози за издавање и на казнени налози за 25 лица кои спротивно на забраната за движење за време на полицискиот час, без дозвола пеш или со возила се движеле низ Гевгелија, Нов Дојран, Богданци и нивната околина.
Обвинителството за 23 обвинети побара од судот сите да ги огласи за виновни и да им изрече парични казни во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да изнесува 10 евра во денарска противвредност.