Битолското јавно обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица поради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Првиот обвинет е 18-годишен жител на Битола, кој на 26 март, во 1.25 часот со патничко моторно возило „Рено 19“ без регистарски таблици се движел по ул.„8-ми Септември“.
Втората обвинета, на возраст од 33 години, на 26 март, 30 минути по полноќ била затекната како лежи во алкохолизирана состојба на ул. „Прилепска“.
За секој од двајцата обвинети Основното јавно обвинителство Битола му предложи на Основниот суд Битола да изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.