Хроника 11. јануари 2020. / 21:22

Пијан Американец направил инцидент на аеродромот во Скопје

Пијан Американец направил инцидент на аеродромот во Скопје

На 11.01.2020 околу 04.15 часот на Граничен премин – Меѓународен аеродром Скопје, А.В.Д. (55) од САД, кој бил во видно алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување на вработен во службата за безбедност, а потоа нападнал и полициски службеници.

Како што соопштија од МВР, А.В.Д. е приведен во Полициска станица за ГП – Меѓународен аеродром Скопје за понатомошна постапка.