Хроника 09. декември 2020. / 21:02

Пет трудници починале од коронавирус во Македонија

Пет трудници починале од коронавирус во Македонија

Според извештаите од Институтот за јавно здравје, од епидемиолошки истражените случаи на ковид-19 (n=46.822; 68,5%), пријавени се 328 (0,7%) случаи кај бремени жени, од кои 54 биле хоспитализирани во текот на болеста.

Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 95 се асимптоматски случаи.

Регистрирани се вкупно пет смртни случаи кај бремени жени.