Изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје се случиле 11 сообраќајни несреќи во кои едно лице било тешко повредено, а четворица полесно. Во шест од сообраќајките била причинета само материјална штета.
Сообраќајната полиција санкционирала 51 возач поради брзо возење. Од сообраќај биле исклучени 13 возачи. Од нив седум возачи управувале без положен возачки испит, четворица биле возачи – почетници, а двајца пијани управувале возило.
Од сообраќај биле исклучени и 10 возила бидејќи девет биле нерегистрирани, а едно технички неисправно.
Санкционирани се и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, четрворица неправилно престигнувале, а 11 мотоциклисти кои не користеле заштитен шлем.
Санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин.
Во текот на изминатиот ден издадени се 58 мандатни платни налози, додека, исто така, 48 возила се подигнати со „Пајак”.