Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи понатамошно ширење на евентуалното труење со храна.
Денеска по добиената телефонска дојава од страна на ЈЗУ-ЦЈЗ Тетово, во врска со труењето со храна во ДПТУУ-Бакал Бакеро експорт импорт ДООЕЛ село Брвеница, Тетово, Државниот санитарен и здравстен инспекторат од Тетовo извршил вонреден координиран инспекциски надзор со претставници од ЈЗУ ЦЈЗ Тетово и инспектори од Агенција за храна и ветеринарство од Гостивар.
Во соопштенето се вели дека општата санитерно-хигиенска состојба во објектот е на задоволително ниво, во објектот има уредни санитарни книшки за 11 вработените со извршен санитарен преглед во рок како и потврда за извршен ДДД од овластена установа исто така во рок. Од страна на ЦЈЗ Тетово во соработка со ДСЗИ земени брисеви од раце од 5 затекнати вработени лица при надзорот како и 6 брисеви од нежива средина прибор, работни површини, опрема.
Надзорот од страна на ДСЗИ е направен по епидемиолошка индикација односно заради тоа што на 14.09.2019 година во вечерните часови, пет лица со симптоми на труење со храна побарале лекарска помош во ЈЗУ УК Инфективни болести и фебрилни состојби, а кои согласно епидемиолошката анкета конзумирале храна во текот на денот во ресторанот ДПТУУ-Бакал Бакеро експорт импорт ДООЕЛ од Брвеница, Тетово
– Со цел да се превенира натамошно ширење на евентуално труење со храна, објектот како потенцијален извор на заразна болест, од страна на ДСЗИ ПО Тетово записнички и со службена лента е забранет и затворен за употреба се до добивање на резулати од земените примероци и спроведување на потребни санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки. – се вели во соопштението.