Хроника 25. август 2018. / 11:03

Пет девојки повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

Пет девојки повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

Една девојка е потешко повредена, а четири се полесно повредени во сообраќајката што вчера наутро се случи на раскрсницата на улиците „Орце Николов” и „Аминта трети”.

Вчера во 7,10 часот на оваа раскрсница се судриле „фиат линеа” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Т. (29) од Скопје и „цитроен Ц3″ исто така со скопски ознаки управувано од С.Х. (47) од Скопје.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „цитроен” и на истата ѝ е укажана лекарска помош во Градска општа болница “8 Септември”, додека со телесни повреди се здобила С.Х. и три сопатнички во возилото „Фиат Линеа“ В.Н. (24), Д.С. (24) и Е.В. (19) сите од Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.