Хроника 05. јули 2018. / 10:24

Пешак загина од удар од автомобил во Скопје

Педесет и петгодишен маж почина по удар од автомобил, синоќа на улицата „Кемал Сејфула“ во Скопје.

Полицијата соопшти дека возилото што удрило во пешакот имало турски национални ознаки и било управувано од 28-годишен маж, со иницијали Џ.Ш.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.