Хроника 20. ноември 2018. / 10:36

Пешак тешко повреден во Тетово

Пешак тешко повреден во Тетово

Во 18.00 часот синоќа на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Љ.А. од село Порој удрило во пешак.

Се рабпоти за 30-годишниот А.И. од село Мала Речица.

Од ударот А.И. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.