На крстосница од улица „Александар Урдаревски“ со улица „Душко Поповиќ“ во Скопје, вчера во 12:50 часот патничко возило „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од скопјанецот И.А. (46) удрило во пешакот А.И.(70) од Скопје.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил А.И., кој бил однесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.