На улица Македонска Косовска Бригада, вчера во 20.30 часот, Ф.Љ.(34) од Скопје управувајќи возило „БМВ” со скопски таблици удрил во пешакот М.Х.(35) од Скопје.
По незгодата со возило на брза помош пешакот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди.