Хроника 15. октомври 2018. / 10:49

Пешак тешко повреден во Битола

Пешак тешко повреден во Битола

Во 12.52 часот на улица „1-ви Мај“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која 30-годишниот А.В. од Битола, управувајќи мотоцикл „Јијинг“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешак.

МВР информира дека се работи за 73-годишниот М.И. од Битола.

Од ударот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.