На 29.10.2018 година на крстосница од улиците „Ваљеска“ и „Копаоник“ во Прилеп, патничко возило „Лада“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.М (61) од Прилеп удрило во пешак М.А.(86) од Прилеп.
Од ударот М.А. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била префрлена во Медицински центар Прилеп, каде и била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.