Хроника 07. јули 2018. / 11:11

Пејачот Влатко Илиевски е пронајден мртов во својот автомобил

Пејачот Влатко Илиевски е пронајден мртов во својот автомобил

Македонскиот пејач Влатко Илиевски утрово бил пронајден мртов во неговиот автомобил во Скопје, потврдија од МВР за „Макфакс“.

Teлото на пејачот било пронајдено по анонимна дојава, синоќа во 23 часот, а засега нема информации кои се причините за смртта.

Илиевски со години беше дел од групата „Морал“. Во 2011-та година, со песната „Русинка“, ја претставуваше Македонија на евровизиската сцена.