Полицијата трага по пиштолџија, кој влетал во автобус за да му се заканува на возачот по претходна сообраќајна расправија поради недавање предност, дознава „Нетпрес“.
Инцидентот се случил околу 14 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќа во правец на Драчево. Тогаш возачот на автомобил „порше каен“ со гостиварски регистарски ознаки го стигнал автобусот и влегол внатре, извадил пиштол и почнал да се расправа.
За серќа не дошло до поголем инцидент, насилникот си влегол во кола и заминал.
Повеќе детали за инцидентот ќе има во текот на денот.