Хроника 31. јули 2019. / 14:48

Параглајдерист итно пренесен во болница – паднал над автомобил во Љубаништа

Параглајдерист итно пренесен во болница – паднал над автомобил во Љубаништа

На 30.07.2019 во 15:34 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Љубаништа, охридско паднал параглајдерист.

Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15,20 часот при слетување на плажата со параглајдер Д.J.Р.(57) од САД, паднал на патничко моторно возило марка„Мицибуши“ со скопски регистарски ознаки.

Д.Ј.Р. со возило на итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.