М.Р. (52) од Кичево е тешко повреден откако вчера паднал од приколка натоварена со дрва.
Несреќата, како што информираат од полицијата, се случила во 20:30 часот во Кичево на улицата „Амит Челопечанец“ , во момент кога А.Љ.(75) од Кичево, управувајќи работна машина „БОБ кет“ која влечела приколка со кичевски регистарски ознаки натоварена со дрва, а М.Р. паднал.
По незгодата, М.Р. е префрлен во Медицински центар Кичево, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот е испратен во Болница „Свети Еразмо Охрид“.