Хроника 01. март 2019. / 18:45

Пациентката почина на скопските клиники, а хирургот го казнија со 200 евра

Пациентката почина на скопските клиники, а хирургот го казнија со 200 евра

Двесте евра казна платил хирургот на Дигестивна хирургија кој не ја прими 61-годишната пациентка Аница С. која почина, шетајќи се од една на друга клиника, објави „Слободен печат“.

– Изречена е мандатна казна, бидејќи хирургот оневозможи пружање на здравствена услуга иако утврдил дека станува збор за итен случај. – рече директорката на Државниот и санитарен инспекторат Ирина Бухова.

За хирургот од Дигестивна хирургија се води и дисциплинска комисија иако тој се уште работи.

За овој случај е формирана комисија за стручен надзор, која ќе треба да утврди дали имало пропусти во лекувањето на пациентката.

Шеесет и едногодишна жена почина на КАРИЛ пред повеќе од еден месец, од сепса која ја добила од пукнато дебело црево.

Таа три дена била препраќана од клиника на клиника, иако имала силни стомачни болки. Лекарите не успеале да дијагностицираат за што точно се работи, ниту пак направиле операција.