Хроника 27. јануари 2021. / 12:31

Отворени се три групи на кои се споделуваат експлицитни фотографии од девојки од Македонија

Отворени се три групи на кои се споделуваат експлицитни фотографии од девојки од Македонија

Отворени се три групи на кои се споделуваа експлицитни фотографии кои се насловени „Јавна соба“.

Групите бројат над 5 000 членови. Се споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки.

Минатата година беа регистрирани околу 7.000 корисници кои си разменуваа експлицитни фотографии од девојки од Македонија, некои и малолетни кога минатата година полицијата наводно ја згасна групата на телеграм .

Од МВР за Канал 5 велат дека секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема соодветни мерки и активности во врска со случајот го пивикуваат секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки.