Хроника

Откриено од што се запалиле возилата во Скопје

Откриено од што се запалиле возилата во Скопје

Четири возила кои биле паркирани на улица „Елисие Поповски“ во близина на број 17, во Скопје, попладневно се опожарени. Пожарот е пријавен во 18 часот и пет минути во противпожарната единица а интервенирано е со две возила и пет пожарникари.

Станува збор за патничко моторно возило марка „Пежо 308“, „Сеат ибица“, „Форд“ и „Опел астра“. Возилата се надворешно опожарени, а од пожарот е зафатено и едно дрво.

Првичните информациите укажуваат дека возилата најверојатно се опожарени од падната електрична инсталација.

МИА