Хроника 25. февруари 2019. / 12:38

Откриени српски пејачки без работна дозвола во кафеана во Гостивар

Откриени српски пејачки без работна дозвола во кафеана во Гостивар

Во контрола на полицијата вчера по полноќ во кафеана во Гостивар, сопственост на Е.А. (53) откриени се три србинки за кои постои сомнеж дека го злоупотребиле туристичкиот престој и работеле како пејачки.

Од СВР Тетово информираат дека во угостителскиот објект на улицата „ЈНА“ биле затекнати четири лица од кои три српски и една државјанка на Република Северна Македонија.

Трите странски државјанки на возраст од 24, 29 и 33 години се приведени во полициската станица во Гостивар и по извршениот разговор во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, тие се изведени пред судија за прекршоци на Основниот суд Гостивар.