Под надвозникот на магистралниот пат Струмица – Штип, вчера вечерта околу девет часот, кај клучката за Радовиш, од полициски службеници од Полициската станица Радовиш биле пронајдени 17 лица-мигранти, инфомрира МВР.
-Две од откриените лица се од Пакистан, еден од Сомалија, пет од Иран и девет од Авганистан. Во близина од надвозникот, покрај патот за Радовиш, било пронајдено и патничко возило „рено лагуна“, со тетовски регистарски ознаки, за кое пронајдените мигранти изјавиле дека биле истоварени од него, наведуваат оттаму.
По наредба на Јавен обвинител мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.