Пожар избувнал вчера во зграда во Скопје.
Во Секторот за внатрешни работи Скопје Ѓ. Ѓ. вчера попладнето околу 17:00 часот пријавил дека 14:30 часот на улицата „Христо Татарчев“ од непознати причини во влезот од зградата кај струјомерите избил пожар, при што биле опожарени околу 30 броила.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат во 15:30 часот.