Мефали Гури од Скопје, роден 1962 година, е планинарот кој загина на планината Олимп.
Информацијата ја потврдија и од Министерството за надворешни работи, но и од неговото планинарско друштво „Шкупи“, пренесе порталот Спорт 1.
Од својот член клубот „Шкупи“ се прости и преку социјалните мрежи. Од ова друштво потврдиле дека Гури во саботата околу 20 часот, застанал во близина на планинарскиот дом, се наведнал над стаповите и паднал во несвест, и паднал 10ина метри кон амбисот.
Другите планинари по само неколку минути, притрчале и се обиделе со дефибрилатор да го вратат во живот, но за жал, безуспешно.
Според сведочењето на очевидци, планинарот на 100 метри пред планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, изгубил рамнотежа и паднал во бездна.
Причината за смртта ќе се знае по обдукцијата која ќе се изврши утре во Солун, а според првичните претпоставки, најверојатно, планинарот добил срцев удар.