Дваесет и деветгодишната скопјанка Моника Ѓ. е пронајдена мртва.
Од полицијата велат дека телото на девојката е забележано утрово околу 9.50 часот на нива во близина на последната автобуска постојка во селото Волково.
– На нејзиното тело не се забележани видливи траги од насилство. Телото е предадено за обдукција поради утврдување на причините за смртта. – велат од МВР.