Хроника 12. април 2018. / 12:31

Откако се спуштил со параглајдер: Почина мото-крос шампионот Мирче Ќорнаков

Откако се спуштил со параглајдер: Почина мото-крос шампионот Мирче Ќорнаков

Вчера во Гевгелија почина повеќекратниот државен шампион на Македонија во мото-крос, Мирче Ќорнаков.

47-годишниот Ќорнаков починал откако по успешното слетување со параглајдер во близина на манастирот ,,Свети Илија’’ во Гевгелија му се слошило, по што по неговото пронаоѓање неуспешни биле обидите и на лекарски тим за реанимација. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.

Ќорнаков беше зависник од андреналин, љубител на спортот. Освен што беше еден од најдобрите македонски мото- крос возачи, последните години длабоко беше навлезен и во параглајдерство.

Погребот на Мирче Ќорнаков ќе биде утре во Гевгелија.