Осумнаесетгодишно момче со камион удри во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 9:20 часот на улица Никола Карев кога камион „пежо боксер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(18) од Скопје, удрило во пешакот Ј.С. (48) од село Студеничани, Скопско.
Од ударот со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.